Маја Трпковска и Бекир Аслан денеска пред Собранието повторно протестираа поради незадоволството од работата на полицијата која подолго време не може да и најде нивнит исчезнати синови, Пинета Секондо и Арбен Аслан.
“Господине Спасовски, не ни се исчезнати мачињата туку нашите најмили“ беше транспарентот со кој најблиските и пријателите на исчезнатите протестираа.
-Денес е точно 83 како го нема Пино, на такви технологии нашите институции да не можат или не сакаат или немаат техника, изјави Маја Трпковска.
Бекир Аслан, татко на Арбен Аслан побара МВР да си формира кризен штаб и да бидат поажурни.
Загрижените родители најавија нови протести и побараа средба со министерот Спасовски. Пино го нема од 10 декември, а Арбен Асалан исчезна на кон крајот на јануари.