СДСМ: Мицкоски како остаток од груевизмот го чека пораз на изборите

Траорна атмосфера владее единствено во ВМРО-ДПМНЕ поради силната поддршка од 30 партии од сите етнички заедници, од граѓаните и прогресивните сили за Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател на сите граѓани, реагираат од СДСМ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека Пендаровски претставува лик на заевизмот.

„Мачнина се гледа на ликот на Мицкоски кој се уште зборува „за удари“ со истиот боксерски речник како неговиот ментор и шеф, Никола Груевски. По Ѓорге Иванов кој наскоро заминува, Христијан Мицкоски е последниот остаток од груевизмот – криминалната матрица што 11 години ги осиромашуваше граѓаните, ја пустошеше економијата, а државата ја турна во изолација и неизвесност.

Затоа, граѓаните на 21 април ќе го поразат Мицкоски и неговиот кандидат за претседател Гордана Силјановска, и ќе стават крај на остатоците од груевизмот, крај на деструктивната матрица што се обидува да ја влече државата назад“, велат од СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави