Социјалдемократската унија го поддржа изборот на Стево Пендаровски за надпартиски консензуален кандидат за претседател на државата поддржан од страна на коалицијата предводена од СДСМ, владината коалиција и неколку други партии.
„Тој е човекот зад кој ќе застанат сите Македонци, Албанци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и ќе се обединат за иднината на Република Северна Македонија. Тој е човекот кој го обезбеди влезот во НАТО Алијансата што претставува историски момент за нашата држава зашто конечно повеќедецениската заложба и упорноста вродија со плод. Со ова не само што се загарантирани безбедноста и стабилноста на земјата, туку се отворени вратите за перспектива и обезбедување подобра иднина за сите граѓани. Тој е човекот со кој се претставува несомнено јасен сигнал и поддршка за европската перспектива на земјата благодарение на засилениот ангажман на ЕУ, заедно со нејзините меѓународни пријатели“, велат од СДУ.
Во престојниот период, додаваат од таму, очекуваме да се обединат сите политички партии кои ќе ги стават разликите на страна и со здружени сили да работат на заедничката реформска агенда.