(Видео) Силјановска од Пехчево: Лошите услови и лошото образование причини зошто младите ја напуштаат земјата

Кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова, вечерва се сретна со граѓаните од Општина Пехчево, каде што говореше за се позачестеното иселување на младите и нивната причина за иселување.

https://www.facebook.com/kandidat.za.pretsedatel/videos/370916703742397/?t=0

„Сите зборуваат како да се спречи егзодусот на младите, каде што нема млади не се раѓаат бебиња, наталитетот паѓа, иднината ни е под знак прашалник и си велиме што е она што ги тера да бегаат од овде. Податоците велат дека 58% од анкетираните од младите, сметаат дека основната причина е лошите услови или лошиот живот. Е, сега колку е ова во хармонија со основното мото на партијата на власта и коалиционите партии, нели кои не убедуваа дека основната цел во нивната програма, во нивното дејствување е да го вратат животот во Македонија“ рече Силјановска.

Според неа ако враќањето на животот е да ги истерате и оние млади кои би било најдобро за оваа земја да останат овде, бидејќи тие се најработно способните, тие се во најплодната восраст, тие можат да направат демократски промени во Македонија, тогаш, како што вели таа, голем проблем има со животот во нашата земја.

„Тој како да се преселил или како нашите млади луѓе да влеваат живот во некоја од соседните држави најчесто во Италија. Втората причина заради која си заминуваат младите од Македонија е некаде над 45% дека одат надвор заради лошото образование“ порача Силјановска.

Треба да знаете
Последни објави