Мароканец спасил македонско семејство од опожарениот стан, во понеделникот во Виченца, Италија, пишуваат тамошните медиуми. Херојот, Бузан Дрис (47) четири пати влегувал во зградата за да помогне во спасувањето.
Пожарот избувнал во понеделникот наутро во стан од првиот кат, во кој живеат тројца државјани на Гана кои спиеле кога пламенот почнал да го голта станот. Нив ги разбудило девојче од зградата кое го забележало пожарот и ги алармирала пожарникарите.
-Живееме на третиот кат, на спротивната страна од опожарениот стан. Сепак, чадот беше еднакво густ секаде. Ги земав сопругата и шестгодишната ќерка кои беа залепени до мене и тргнавме низ чадот во кој не се гледаше ништо. Дојдовме некако до скалите, а потоа држејчи се за гелендерот се симнавме пред зградата. Тогаш видов дека пламен излегува и од станот над тој каде што избувна пожарот. Таму живее семејство од Македонија. Влегов во зградата и дојдов во нивниот стан. Ги земав жената и двете деца со кои се каивме во мојот стан и излеговме на терасата. Од таму не симнаа пожарникарите кои брзо дојдоа, рече Дрис.
Во пожарот нема загинати, но десетмина станари завршиле во болница. Две жени во паника скокале од терасите и добиле скршеници по нозете, од кои една кинескинка која скокнале од третиот кат.