Марш против расизмот во Милано

Неколку десетици илјади луѓе маршираа на улиците на Милано во знак на протест поради политиките на ласта за која сметаат дека промовира расизам.

Претставник на градот соопштил дека во маршот учествувале околу 200.000 учесници под слоганот „Луѓето на прво место“.

Со транспарент „Салвини преброј не“, беше повикан лидерот на Северна лига и министер за внатрешни работи, Матео Салвини, кој забрани влез во пристаништето за бродови со мигранти спасени на море.

Демонстрациите завршија пред катедралата Дуомо.

Треба да знаете
Последни објави