На денешното Централното Собрание на НДП едногласно беше потврдена поддршката за консензуалниот кандидат за претседателските избори, Стево Пендаровски.
„Иако бевме мали, и бевме нападнати од сите страни, НДП остана на истиот став, се со цел да не дозволи враќање на процесите назад туку да одат кон вистинскиот правец на националниот интерес“ велат од партијата.
НДП проценува дека поддршката за консензуалниот кандидат се случува првпат во историјата на нашата земја, и како што велат, оваа кандидатура има значење да се поддржи и гласа, бидејќи, според партијата, подразбира прифаќање на еднаквоста на сите граѓани на земјата.
„Гласањето за консензуалниот кандидат, е цврст доказ што дава постојан легитимитет на Преспанскиот Договор, уставните промени, како и законот за употреба на јазици. Гласањето против консензуалниот кандидат, или бојкотирање, не е ништо друго освен обид за делигитимирање на досегашните достигнувања, за делигитимација на Договорот од Преспа, зконот за употреба на јазици, уставните промени, и еднаквоста на сите граѓани“ додаваат од партијата НДП.
Оттаму проценуваат дека ова е историски момент каде Албанците заедно со сите други граѓани од помалите заедници, го поддржуваат консензуалниот кандидат, кој јавно изјавува дека прифаќа да биде претседател на сите граѓани државата. Според НДП, треба да се стави крај на кандидатите кои се ангажираат да бидат поддржани од еден етникум, а другите, како што велат, да им бидат како слуги за да имаат мнозиство, како што било во минатото.
„Како заклучок на сето оваа, нема дилема дека овие претседателски избори, еднаш засекогаш ќе го исчисти патот на секој камп кој дејстувал во политичката сцена, од првиот ден на плурализмот“ порачуваат од партијата.