Полицијата фати 121 возач под дејство на алкохол

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 1 / 2. 03. 2019 година во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол. Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 121 возач, а кај 14 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта. Откриени се и 40 останати прекршоци за кои се издадени 33 мандатни платни налози и 7 прекршочни платни налози.

Треба да знаете
Последни објави