Најмалку 22 луѓе загинаа во поплавите што го зафатија јужниот дел на Авганистан. Најлошо е погодено едно село во провинцијата Шакардара, по обилните врнежи ки предизвикале поплави и лизгање на земјиштето.
Во поплавите погодени се околу 2.000 куќи, соопшти канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања.
Обилни врнежи од дож вчера го погодија градот Кандахар и шест дистрикти, пренесе Ројтерс. Населението од погодените подрачја е евакуирано на безбедни места. Најмалку 10 луѓе, вклучително и деца се исчезнати во Аргандаб, Даман, Спин Болдак и Данд.