Сириските демократски сили влегоа уште еден километар во последната енклава на ИД

Сириските демократски сили (СДФ), кои имаат поддршка од американската војска, продреа уште еден километар на територијата на последната енклава, која ИД ја држи во Сирија.

Портпаролот на СДФ Мустафа Бали оцени дека битката за селото Багуз, мала енклава на исламисти во сириската провинција Деир ал-Зор на границата со Ирак, ќе биде завршена „наскоро”.

Тој најави дека во тек се жестоки битки, во кои се ранети тројца припадници на СДФ, чии сили напредуваат од две насоки.

Припадници на СДФ во четвртокот започнаа финален напад врз последното упориште на ИД, која во еден момент контролираше една третина од територијата на Сирија и на Ирак.

Треба да знаете
Последни објави