Педесетичетиригодишниот Јосип Роџак од Паг, таткото на четирите малолетни деца, кои ги фрли од првиот кат на својата куќа, при што едното дете има сериозни физички повреди, овој морбиден обид за убиство го извршил под условна казна, и тоа за негрижа на децата, пренесуваат хрватските медиуми.
Според информациите, во 2017 година Општинскиот суд во Задар го осудил Јосип Роџак на една година затвор со рок на условна казна од три години, која во ноември станала конечна. ОД истиот суд била осудена и неговата сопруга. Двајцата се казнети поради кривични дела против бракот, семејството и децата, поради негрижа и злоупотреба на детските права.
Центарот за социјална работа во Задар, последен пат интервенирал кај семејството Роџак минатата година, изјавила директорката на Центарот, Весна Бурчул. Интервенцијата следела откако најстарото девојче во семејството, кога тргнало во училиште, било откриено дека има проблеми со говорот, како и дека не можело да ги контролира физиолошките потреби и носело пелени.
Таткото, кој работел како ноќен чувар, во четвртокот си ги фрли четирите деца од првиот кат на куќата. Двете деца се со полесни повреди, едно девојче има тешки повреди на главата и се наоѓа во критична состојба, а нејзината сестра исто така има сериозни повреди.
На монструозниот татко му се заканува казна затвор до 50 години.