Во Зоолошката градина во Скопје утре, 3 март, од 12 до 15 часот ќе бидат поставени кутии за донации, а на влезот ќе има Зоо базар, каде што ќе бидат поставени штандови со сувенири, привезоци, маички со животински принт.
„Сите собрани средства од штандовите, ќе бидат наменети за спасување на животот на многу крзнени пријателчиња. Во оваа благородна акција учествуваат и голем дел граѓански активисти и здруженија за заштита на животните кои несебично секојдневно помагаат на бездомните животни. Да ги научиме најмалите за љубовта кон животните, емпатијата и помагањето на послабиот, а сепак најискрен човеков пријател“, велат од ЗОО Скопје.