(Видео) Како беше уапсен „убиецот со насмеано лице“

Полицијата во Прага вчера го уапси најбараниот платен убиец во моментов во Европа, Србинот
Чаба Дер, познат и како „убиец со насмеано лице“, по кого трагаат повеќе држави во Европа.

Прекарот го добил поради начинот на кој ги извршувал егзекуциите, со насмевка на лицето, а кои биле снимени од безбедносните камери.

Дер, низок по раст и крупен со избричена глава, успешно се криел низ Европа, но вчера не го насетил апсењето во кое уествувале повеќе тимови на ЕНФАСТ (Европска мрежа на активни тимови кои трагаат по најбараните бегалци од правдата).

Убиецот бил уапсен на рецепцијата на хотелот во кој престојувал, па немал време да реагира и да ги фрли предметите кои ги поседувал- фалсификувани документи, пиштоли, муниција, придушувач, перика и наочари со кои го менувал својот  препознатлив изглед.

Чаба во 2004 година беше осуден на 14 години за убиство во Србија ,а по издржување на казната стана платен убиец, па во јуни лани во Амстердам во италијански ресторан го застрела хрватскиот бизнисмен Иван Сердарушиќ. Унгарската полиција го сомничи дека во септември истата година во Будимпешта го убил бизнисменот Ласво Л., а во јануари годинава во Белград го егзекутираше криминалецот Небојша Марковиќ.

Треба да знаете
Последни објави