Германија нема да поништува германско државјанство на екстремисти од ИД

Владата во Берлин нема намера да поништува германско државјанство на екстремисти од Исламска држава кои имаат двојно државјанство и кои се заробени во Сирија.

Владејачката Христијанскодемократска партија изминатата недела поднесе нов закон со кој би се поништило германското државјанство за тие луѓе ако се исто така граѓани и на друга држава.

Владата синоќа одлучи дека, иако се уште не е донесен законот, тоа нема да важи за борци кои сега се заробени.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Германија и други европски држави да прифатат враќање на над 800 припадници на Исланмска држава заробени од курдските милиции на Сириските демократски сили.

Треба да знаете
Последни објави