Лажен пилот фатен после 20 години летање

Јужноафриканскиот пилот Вилијам Чендлер, кој повеќе од 20 години управувал авиони без дозвола, бил отркиен дури неодамна, кога минувајќи низ швајцарскиот воздушен простор извел некои невообичаени маневри.

Неговото невообичаено „маневрирање“ на летовите од Јужноафриканската Република кон Германија редовно било пријавувано од патниците, но неодамнешниот лет кога повторно ги довел патниците во опасност над Швајцарија бил неговиот последен.

Toj се товари за измама, откако со години лажно тврдел дека бил пилот.

Како што пишува британски „Мирор“, Чендлер во текот на целата своја кариера, летал со лажни документи, се додека јужноафриканската авиокомпанија му ја одзела пилотската лиценца.

Треба да знаете
Последни објави