ПСЖ нуди 4 милиони евра за Циндриќ

ПСЖ нуди 4 милиони евра за поранешниот ракометар на „Вардар“, Лука Циндриќ кој, ако дојде до трансфер би можел да стане најскап ракометар во светот.

За Хрватот во редовите на „Кјлеце“ освен парижаните, каде е тренер Раул Гонзалес, е заинтересирана  и „Барселона“.

Сумата од четири милиони евра би биле рекордни за трансфер на еден ракометар, а би биле повеќе од доволни „Кјлеце“ да ги реши финансиските проблеми, па се очекува сопственикот на клубот, Бертус Сервас да ја прифати понудата.

Во овој момент рекордот го држи исто така ПСЖ кој за ангажман на Никола Карабатиќ од Барселона плати два милиони евра.

 

Треба да знаете
Последни објави