Скопјанец ја истепал сопругата, па бегајќи со автомобил удрил во полицаец, вчера во Скопје, информираше МВР.
-На 01.02.2019 околу 21,30 часот полициски службеници кои постапувале по пријава-поплака од К.Ш. за нејзиниот сопруг С. Л. (48), биле нападнати од насилникот. При обид да го лишат од слобода, С.Л. го стартувал возилото и удрил во полициски службеник, кој се здобил со телесни повреди. С.Л. е приведен во ПС-Гази Баба. Против С.Л. ќе биде поднесен соодветен поднесок.