Стопанска комора на Македонија: Милијарда долари-годишен императив за соработка со Србија

Денес почнува Копаоник Бизнис Форум, популарно наречен српски, а можеби и балкански Давос, најпрестижната бизнис манифестација во регионот со околу 1.500 учесници, 160 панелисти и  26 панели, а за прв пат годинава и 10-члена македонска бизнис делегација, претставена преку Стопанската комора на Македонија. Во рамките на тридневниот Форум, македонската делегација ќе има свое медиумско претставување, ќе организира прием за своите бизнис партнери и јавни личности присутни на настанот, а претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и претседателот на Управниот одбор на Винарската визба „Тиквеш“ и член на Инвестициската група „М6”, Светозар Јаневски, ќе учествуваат како панелисти. На маргините на Форумот ќе се одржи и состанок на претседателите на Македонско-српскиот деловен совет, на којшто ќе се дефинира агендата за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји.

За 2018 година, Република Србија е четврт најважен партнер во надворешно-трговската размена на Република Северна Македонија, зад Германија, Грција и Велика Британија.

                  Вкупната трговска размена на Република Северна Македонија со Република Србија во 2018 година достигна вредност од скоро 889 милиони САД$, со раст од 10,7% во споредба со 2017 година.

При тоа, остварен е извоз во вредност од 277 милиони САД $  со раст од 11,24%, додека пак увозот изнесува 611,8 милиони САД $ каде се бележи раст од 10,5% споредено со 2017 година.

Евидентиран е дефицит во трговската размена за 2018 година во износ од 334,7 милиони САД$, каде што истиот во однос на 2017 година е зголемен за 9,84%.

 Насоки и иницијативи за зголемување на размената

 

  • Заедничко управување на граничниот премин Табановце – Прешево каде најголема придобивка ќе биде кај протокот на стоки, со што нема да има двојна царинска, санитарна, ветеринарна контрола на стоката и се` ќе биде завршено на еден наврат.
  • Иницијатива за формирање на заедничка арбитража со цел компаниите да можат побрзо и полесно да ги решаваат регионалните стопански спорови, како и единствено кредитно биро, од кое ќе можат на едно место да се добијат податоци за субјекти од која било од шесте држави на Западен Балкан.
  • Што поскоро одржување на заедничка седница на двете влади.

Иницијатива за формирање на заеднички институции кои му се потребни на бизнис секторот за да се зголеми соработката.

Треба да знаете
Последни објави