(Видео):Човек застрелан во лице за време на протестите на „жолтите елеци“

Ужасен момент за време на протестите на „жолтите елеци“ во ПАриз, кога еден човек беше удрен во лицето. Очевидци велат дека се работи за проектил испален од пиштол за протести, контроверзното оружје кое го користи француската полиција.

Видео снимката, фатена со мобилен телефон, покажува дека демонстрантите се обидуваат да избегнат проектили кои ги испалува полицијата во близина на Тирумфалната порта. По неколку секунди може да се види човек како лежи на земјата, а најблиските луѓе до него веднаш реагираат за да му помогнат.

Не е јасно дали повредата е опасна по животот на човекот. Сведоци соопштиле дека жртвата била погодена од таканареченото оружје за одбранбен фрлач на куршуми, оружје кое се обвинува за десетина повредени антивладини демонстранти во последните неколку недели, пренсе „Раша тудеј“.

Треба да знаете
Последни објави