ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ невешто одглуми демократија со изборот на Пендаровски

Стево Пендаровски е докажан губитник, кој повторно ќе биде поразен. Пендаровски знае дека не поминува кај граѓаните и дека е само жртвено јагне на Зоран Заев и СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ по Конгресот на владејачката партија.

Денес не бираа делегатите на СДСМ, денес само кренаа рака по нарачка на Заев и Али Ахмети. Зоран Заев денес на деспотски начин со претходно наметнат кандидат за претседател од меѓупартиски договор фингираше изборна конвенција. СДСМ невешто одглуми демократија, а всушност на најдеспотски начин им беше ставен на тацна Стево Пендаровски. Кандидатот за претседател на државата од СДСМ е само бледа копија на Заев- слеп послушник кој работи на штета на Република Македонија. Глас за Пендаровски е глас за Заев, глас за нови кршења на Уставот и девалвирање на државноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ .

Според нив, граѓаните видоа што направи со Македонија еден Заев, дополнително полошо ќе биде со двајца политичари од ист калибар.

-Зоран Заев две години ја држи Република Македонија под длабок мраз, со заробено судство, економија која тоне, загадена животна средина, девалвиран образовен и здравствен систем, нарушена безбедност и најлошо од се, безперспективност.Власта две години нанесе само порази. Државата не смее да тоне, државата мора да оди напред. СДСМ, Зоран Заев и Стево Пендаровски мора да изгубат за Македонија да тргне напред, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави