Откриени 39 пијани возачи за една вечер во Скопје

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведе акциска контрола на 02/03. 03. 2019 година во периодот од 23 до 5 часот за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол.

Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 188 возачи, а кај 39 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта. Откриени се и 53 други видови прекршоци за кои се издадени 20 мандатни  платни налози и  издадени се 33 прекршочни платни налози.

На 02/03 .03.2019 година во периодот од 23.00 до 05.00 часот  беа преземени  мерки за непрописно паркирани возила од улиците: „Њуделхиска“, „Орце Николов“, „Јордан Мијалков“, „Герман“, „ Кеј 13-ти Ноември“ и  „Партизански одреди“ и со специјално возило „пајак“ беа подигнати 20 патнички моторни возила.

Треба да знаете
Последни објави