Откриено е зошто Трамп ги прекина разговорите со Ким

Самитот на лидерите на САД и Северна Кореја е завршен предвреме поради барањето на американскиот претседател Доналд Трамп да се затвори тајната постројка за збогатување ураниум, пишува „Сандеј тајмс“, повикувајќи се на поранешниот соработник на амбасадата на Северна Кореја во Лондон, пренсе „Спутник“.

Весникот оценува дека се работи за објект кој наводно се наоѓа во градот Чолим, неколку километри од Пјонгјанг. За време на преговорите, САД соопштиле дека знаат за таа фабрика и побарале да се ликвидира. Но, откако Ким Џонг Ун тоа го одбил, преговорите биле прекинати. Веднаш потоа, Трамп замина за САД, а Ким ја продолжи посетата на Виетнам.

„Сандеј тајмс“ пишува дека американската разузнавачка служба одамна знае дека во Северна Кореја постои уште една постројка за збогатување ураниум. До тој заклучок дошол Центарот за неширење нуклеарно оружје на Институтот за меѓународно истражување Мидлбери во Калифорнија, на основа на анализите на сателитските снимки.

Претходно Белата куќа соопшти дека Трамп и Ким не постигнале договор на самитот во Ханој, но дека имале добар и контруктивен разговор. А севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Јанг Хо изјави дека Пјонгјанг понудил да ги уништи своите нуклеарни објекти ако делумно бидат укинати санкциите.

Треба да знаете
Последни објави