Генералниот совет на Демократската унија за интеграција едногласно го поддржа концептот на заеднички консензуален кандидат и кандидатура Стево Пендаровски за претседател на Северна Македонија, соопштија од партијата.
Претходно, Стево Пендаровски имаше кусо обраќање пред членовите на советот на ДУИ.Во однос на изборите и очекувањата од нив, Пендаровски рече дека не е важно кој ќе победи, туку е важно во пресрет на одлуката на Европскиот совет во јуни Македонија да покаже дека е способна и има капацитет да спроведе кристално чисти избори, за што треба да се ангажираат сите капацитети, почнувајќи од институциите, граѓаните и најмногу политичките лидери без оглед дали доаѓаат од власта или опозицијата, бидејќи, како што посочи, најважно е Македонија да победи.
Најважно е да спроведеме беспрекорни избори со кои ќе покажеме не само на опозицијата, туку и на Брисел дека неслучајно сме добиле покана за НАТО и оти за некој месец ќе станеме полноправна членка, туку дека и со полно право очекуваме во јуни да добиеме покана за членство во ЕУ, додаде Пендаровски.



