Осомничениот синоќа во кафеана на улицата 29 Ноември го убил Авдија откако заедно со уште трорца седеле на иста маса консумирајќи алкохол. Во еден момент Л.Д. извадил пиштол и го зстрела Абдија во главата, кој починал на самото место. Убиецот прво избегал, а потоа самиот се пријавил во полиција.
-Останатите три лица кои беа задржани во полициска станица непосредно по инцидентот, се сведоци на настанот. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор на осомниченото лице. Судијата од Основниот суд во Тетово го прифати ваквиот предлог и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена, велат од ОЈО.



