Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи до раните утрински часови вршеа увид на лице место во објект на ул. 29 Ноември во Тетово, каде синоќа околу 23.50 часот едно лице беше лишено од живот.
Обвинителот издаде наредби за прибирање на траги од лице место и нивно вештачење, како и за вештачење на чаурата најдена на местото на настанот. Издадена е и наредба за вршење на обдукција над починатото лице. Извршено е фотографирање и скицирање, како и други дејствија во насока на расчистување на кривично правниот настан.
Според МВР, убиството се случило откако на маса во објектот заедно седеле пет лица, косумирајќи алкохол. Во еден момент Л.Д. (46) од Тетово извадил пиштол и пукал во А.А. ( 46 ) од Тетово. Убиецот сам се пријавил во Полициската станица Тетово, а А.А. починал на самото место. Полицијата ги уапсила и М.А. (31) од Тетово и Л.Р. (37) од с.Лисец, а едно лице само се пријавило.



