Јужна Кореја и САД повеќе нема да организираат воени вежби

Јужна Кореја и САД потврдија дека повеќе нема да организираат големи воени вежби, кои често ги лутеа властите на Пјонгјанг, пренесе Би-би-си.

Врховните команданти на двете земји велат дека со одлука се поддржуваат дипломатските напори во постигнување целосна денуклеаризација на Коресјкиот полуостров.

Американскиот претседател Доналд Трмап минатата година, по состанокот со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, прекина бројни воени вежби. Северна кореја ги гледа воените вежби како вовед во воена инвазија.

Министрите за одбрана на сАД и Јужна Кореја се договориле преку телефонски разговор, за прекин на низа вежби, како што се „Фоал Игл“ и „Ки Рисолв“.

Критичарите велат дека откажувањето на вежбите би можело да ги поткопа американската и јужнокорејската воена одбрана против северниот сосед, но некои нагласуваат дека тие грижи се неоправдани.

Трамп засега не планира повлекување на американските војници, кои на полуостровот ги има околу 30.000.

Треба да знаете
Последни објави