Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, го критикува клубот на Европските народни партии во Европскиот Парламент и ги нарече идиоти.
Овие партии неодамна побараа партијата на Орбан, Фидес да биде исфрлена од Парламентот поради спорните постери на кои се прикажани бизнисменот Џорџ Сорос и челникот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. Ваквата кампања на унгарската влада беше критикувана дека промовира антисемитски ставови.
Орбан за германскиот весник „Велт“ ги отфрли обвинувањата кои се упатени на сметка на неговата влада и партија.
„Унгарците не ги сметаат тие постери за антисемитски. Не можам јас да сторам ништо со фактот дека Џорџ Сорос, Унгарец, по потекло е Евреин“, рекол Орбан.
„Оние кои повикуваат на исфрлање на Фидес се, кажано со речникот на Ленин, целосни корисни идиоти. Веруваат дека водат духовна борба, а всушност им служат на интересите на други, односно на интересите на нашите опоненти“, рекол Орбан.



