„Фолсваген“ во Србија ќе произведува 300.000 автомобили годишно, работа за 5.000 лица

Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген” одлучи дека новата фабрика се гради во Србија, пишува денес “Вечерње новости”, истакнувајќи дека најголем производител на возила во светот за Србија одлучил во конкуренција Романија, Турција, Северна Македонија и Бугарија, која веќе долго време беше фаворит за добивање на оваа инвестиција.

Како што е наведено во весникот, првите автомобили од српски „Фолксваген” би требало да излезат во 2023 година, иако се очекуваше дека Романија или Бугарија, кои се членки на ЕУ ќе добијат предност, па дури и Турција, која со 80 милиони жители е голем пазар.

Сепак, перформансите на српската економија, доаѓањето на речиси сите најважни производители на автомобилски компоненти во Србија, но исто така и пријателските односи на нашиот државен врв со колегите од Германија, ја натежнале вагата во наша полза, пишува “Новости”.

Велејќи дека неговиот извор не сака да ја одреди локацијата на идната фабрика, весникот потсетува дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, повеќе пати ја споменуваше Шумадија како адреса на инвестиција која целосно ќе ја „промени крвната слика на нашата економија.”

„Новости” наведува дека новата фабрика на „Фолксваген” треба да има капацитет од 300.000 автомобили годишно и дека на српскиот извоз би придонесувала со 4,5 милијарди евра.

Во Србија треба да бидат произведени пет модели на гамата на возила на „Фолксваген”, но и на „шкода” и „сеат”, брендови кои се составен дел на германската компанија.

Според некои претходни најави од „Фолксваген”, но и од Бугарија, која се надеваше на оваа зделка, инвестицијата е во вредност од околу 1,4 милијарди евра, а планирано е фабриката да има 5.000 вработени, меѓу кои 650 инженери.
За изградба на фабриката е важен фактор е фактот дека Србија има десет отсто од светските залихи на литиум од кои се изработуваат батерии за електричните автомобили, пишува „Новости” и додава дека, „иако новата фабрика ќе произведуваат класични автомобили, сигурно е дека ќе биде организирано производство и на електрични возила “.

Треба да знаете
Последни објави