(Фото галерија конгрес на СДСМ) Заев: Пендаровски е идниот претседател

Започна 23-от конгресот на СДСМ во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, на кој треба да се потврди кандидатурата на Стево Пендаровски како кандидат за претседател на државата.

Конгресот беше отворен со обраќање на премиерот и лидер на партијата Зоран Заев кој рече дека од последнито конгрес СДСМ ја потврди својата државотворна улога и одговорност во пресудните моменти и настани од историјата на нашата современа држава.

-Нашата партија заедно со нејзините лидери и членство никогаш не отстапи пред предизвиците. Секогаш ја преземаше одговорноста донесуваше одлуки и спроведуваше рационални политики што се покажаа како историски. Тоа беше во 1991 година, кога заедно со граѓаните на нашата земја учествуваме во процесот на прогласување на независноста на нашата земја. Тоа беше и во 2001 кога презедовме одговорност да го запреме меѓуетничкиот конфлик и со дијалог и со Охридскиот рамковен договор да почнеме да ја градиме новата вредност на нашата општествена заедница концептот „Едно општество за сите”. Така беше и во 2005 кога им дадовме силен имплус на европските вредности и нашите аспирации за членство во ЕУ и ни беше доделен кандидатскиот статус. Така беше и во 2015 година кога со „Вистината за Македонија” со граѓаните на Македонија во кампот на слободата со шарената револуција тргнавме низ улиците на нашите градови. Кога трпеливо и мудро низ политичките процеси верувајќи во слобода, вистина, правда, еднаквост, напредок и кога социјалдемократските вредности ги здруживме со цивилизациските вредности за да си ја ослободиме заробената ни држава. Така беше и во 2017 и 2018 година кога на 27 април се спротивставивме на насилството и кога новата владина коалиција донесе одлука да постигне договор за пријателство со Бугарија и ќе го реши тридеценискиот спор со Грција, рече Заев на Конгресот.

 

Работниот дел ќе биде затворен за јавноста. На крајот на конгресот, кој повторно ќе биде отворен, ќе се обрати избраниот кандидат за претседател.

Пендаровски претходно беше поддржан од 31 партија меѓу кои е и колициониот партнер на СДСМ во Владата, ДУИ а неговата кандидатура треба да биде потврдена денес и на Централниот совет на ДУИ во Мала Речица.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави