Мајка и четири деца загинаа во пожар во Германија. Според хрватските медиуми, станува збор за хрватско семејство коешто имало германско државјанство.
Жената и нејзините четири мали деца загинале во пожар што избувнал во германскиот Нирнберг, јави Die Welt. Во саботата, околу три часот наутро службите за итна помош добиле повик дека избувнал оган, но кога пожарникарите пристигнале на терен, им немало спас на жената и децата.
Најмалото бебе, коешто се родило пред неколку дена, починало во болница. Другите деца на возраст од четири, пет и седум години загинале на лице место. Уште четири возрасни членови на семејството се повредени. Тие успеале да побегнат од опожарената куќа.
Според изјавите на соседите, девет членови на семејството живееле во индустриската зона. Полицијата сè уште не ја знае причината за пожарот.
„Ретко се случува ваков голем пожар”, велат пожарникарите. Кога дошле да интервенираат во 3 часот изутрината, целата куќа била во пламен, а огнот ги блокирал сите влезови. Тие тешко може да влезат во внатрешноста на куќата.