ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски е копија на Заев- и двајцата лажат, забораваат, негираат

Граѓаните знаат дека Стево Пендаровски е копија на Зоран Заев. Затоа што и двајцата лажат, забораваат, негираат, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на соопштението на владејачката партија во кое се наведува дека Пендаровски како противник на поделби и изолации би бил претседател на сите граѓани.

„Македонските граѓани не забораваат дека Пендаровски пред пет години тврдеше дека не може да се менува името на државата без државен консензус, за сега да е дел од опција која го смени името без да обезбеди поддршка на референдум“, истакнуваат од опозициската партија и додаваат дека тоа е доказ оти сè што ќе каже – лаже, исто како и неговиот шеф Зоран Заев.

Од таму додаваат дека на државата не ѝ е потребен нов Заев, туку претседател кој ќе работи согласно Уставот и ќе го промовира владеењето на правото.

Треба да знаете
Последни објави