ВМРО-ДПМНЕ: Улиците станаа воени боишта – за три дена три убиства

За три дена три убиства во Република Македонија. Власта потфрли и е неспособна да го гарантира мирот и безбедноста на граѓаните. Зоран Заев и Оливер Спасовски ги претворија улиците низ градовите во државата во воени боишта, никој не е сигурен за својот живот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, на 2 март е извршено убиство на средновечен маж во Тетово, на 1 март е убиено младо момче од скопско Шишево, додека на 28 февруари е застрелан маж во Струга. Република Македонија е претворена во див Запад, луѓе ги губат своите животи, а власта ништо не презема.

,,Овие три убиства се само дел од низата убиства, од кои голем број се нерасчистени и се имаат случено откако СДСМ е на власт.Криминалци се чувствуваат комотно и со оружје се шетаат низ центарот на Скопје, се палат автомобили и се вршат грабежи и разбојништва скоро секој ден.Граѓаните се исплашени за својата безбедност. Состојбата на страв која ја креираше власта резултира со граѓани кои не се сигурни кога излегуваат на улица да прошетаат или да извршат некоја своја обврска. Улиците не смеат да бидат боиште. Јавниот ред и мир треба повторно да биде воспоставен, тоа СДСМ не го може и затоа треба да си замине од власт.

Граѓаните имаат можност да им кажат НЕ на криминалот, убиствата, грабежите и разбојништвата и на претседателските избори да гласаат за Гордана Силјановска Давкова, нејзината победа ќе биде увертира за предвремени парламентарни избори, кои ќе бидат крај за Зоран Заев и оваа ненародна власт”, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави