Во велешкиот театар се подготвува претставата за деца „Црвенкапа”

На сцената на НУЦК „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” во Велес веќе петнаесетина дена интензивно се работи на новата претстава за деца „Црвенкапа” во адаптација на Сашо Димовски, а во режија на Деан Дамјановски, што е прва премиера во велешкиот театар годинава.

Сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Катерина Чукниева, а музиката на Сашко Костов.

Во претставата играат актерите Славица Манаскова, Кети Борисовска, Весна Димитрова-Бобевски, Васил Зафирчев и Самоил Стојановски.

Треба да знаете
Последни објави