Златан Ибрахимовиќ во ексклузивниот разговор кој го имаше во шоуто на Џими Кимел откри каков однос има со своите две деца, но исто така посебно внимание предизвика и со изјавата која ја даде за богатите снобови кои едноставно не знаат што прават со своите пари.
Ибра заработува навистина многу од фудбалските активности и минатата година во едно интервју објасни како се справува со шведските снобови, а сега одлучи да направи една глобална комапарција со која им одржа лекција на сите богати луѓе кои недоволно ги ценат финасиските средства.
– И реков на мојата сопруга да купи куќа со мебел, бидејќи немам намера да излегувам со неа и да купувам мебел. Таа ми рече дека нашла многу убава куќа, но без мебел во неа. Тогаш јас и кажав да оди да купи мебел. Но, потоа се јави и брокерот кој ни порача дека богатите луѓе не купуваат скап мебел. Богатите не купуваат, но интелигентните да, – гласи изјавата на Ибра која стана вирален хит.