Иран: Се урна хеликоптер, загинаа пет лица

Пет лица, кои се наоѓале во хеликоптер за спасување, загинаа во западниот дел на Иран oткако леталото удрило во столб .

Хеликоптерот се урнал во провинцијата Чахар Махал и Бактијари, каде летал по бремена жена, на која и била неопходна итна медицинска помош.

Во текот на последните неколку децении во Иран дошло до пад на низа хеликоптери и авиони.

Во Техеран наведуваат дека поради американските санкции не се во можност да купат нови авиони ниту резервни делови за модернизација на својата флота.

Треба да знаете
Последни објави