Како да го активирате темниот режим на „Фејсбук месинџер“

Минатиот октомври „Фејсбук“ соопшти дека наскоро ќе овозможи Dark Mode или темен изглед на својата апликација за допишување – „месинџер“.

Сепак, четири месеци по ваквото соопштение, компанијата сè уште официјално не ја објави достапноста на ваквата функција.

Сепак, иако нема официјална објава, во апликацијата постои една кратенка која им овозможува на корисниците да го активираат темниот изглед.

Темниот режим на „Фејсбук месинџер“ може да го активирате со испраќање емоџи од полумесечина во некој од вашите разговори. Веднаш откако ќе го испратите ова емоџи, би требало да се појави известување You Found Dark Mode!. Под него ќе има и опција што овозможува да се активира режимот, со назнака Turn on in Settings.

Со притискање на ова копче, корисникот ќе биде пренасочен кон менито за поставки во „Фејсбук месинџер“, каде што можете да се пронајде и опцијата Dark Mode.

Откако темниот изглед на апликацијата ќе биде вклучен, се појавува порака дека „Фејсбук“ сè уште работи на оваа функција, па поради тоа режимот не е видлив секаде. Во овој момент не е познато дали методот функционира во сите земји и платформи, но во секој случај наскоро се очекува во неговата официјална форма.

Треба да знаете
Последни објави