Комитетот за транспорт во Европскиот парламент изгласа во 2021 година да се укине поместувањето на часовникот два пати во годината, еднаш на есен и еднаш на пролет, објави „Гардијан“.
Членовите на комитетот предлагаат часовникот последен пат да се помести последната недела во март во 2021 година. Останува на земјите-членки на Европската Унија да одлучат дали ќе останат на зимското или летното сметање на времето.
Предлогот сега треба да се испрати до Европскиот парламент и до земјите-членки на Унијата.
Европската комисија на 12 септември лани предложи укинување на полугодишното поместување на стрелките на часовникот за целата Европска Унија во 2019 година.
Во анкета на ЕК што беше спроведена од јули до август мината година, а во која учествуваа рекордни 4,6 милиони луѓе, мнозинството се изјасни против поместување на стрелките на часовникот.
Од 1996 година сите земји во ЕУ го поместуваат часовникот истовремено.