Конзулатот за Палестинците станува дел од Амбасадата на САД во Ерусалим

Американскиот конзулат во Ерусалим, наменет за Палестинците од денеска станува дел од новата Амбасада на САД во Израел, која се наоѓа во истиот град, соопшти Стејт департментот.

Палестинското раководство остро реагираше на таквата одлука, оценувајќи дека американската администрација со тоа покажува помалку внимание кон нивниот статус отколку кон статусот на Ерусалим.

Одлуката за создавање на единствена дипломатска мисија за Израелците и Палестинците ја најави американскиот државен секретар Мајк Помпео во октомври минатата година.

Претседателот Доналд Трамп го налути арапскиот свет кога во декември 2017 година го призна Ерусалим за главен град на Израел и во мај минатата година таму ја пресели Амбасадата на САД.

Потоа палестинските лидери ги суспендираа дипломатските контакти со Вашингтон и ги бојкотираа американските напори за постигнување на мировен план

Треба да знаете
Последни објави