Мишел Холт од Нејплс, Флорида, има 50 години и е горда што е мајка на четири деца и баба на две внучиња. Токму кога мислеше дека е влезена во менопауза, таа доживеа изненадување дознавајќи дека е бремена и дека ќе се породи за три месеци.
Мишел пет месеци имала невообичаени болки во стомакот, но тегобите ги припишувала на менопаузата и лупусот, автоимуна болест со која се борела од 40-годишна возраст.
На крајот, сепак, одлучила да се подложи на тест за бременост само за да ја исклучи и таа можност, но на големо изненадување на неа и на нејзиниот сопруг Џери, тестот бил позитивен.
На 27 декември 2018 година Мишел и Џери, нејзините три деца од првиот брак и нивната 14-годишна ќерка, Оври, го пречекаа малиот Грејсон во болницата во Нејплс.
Гинекологот во болницата во која се породи Мишел изјави дека таа „ја создала таа една јајце-клетка која ја завршила работата”.
Двојката вели дека никогаш не помислиле на прекин на бременоста. Тие велат дека Грејсон дошол по Божја волја, иако стопроцентно се сигурни дека веќе нема да имаат дека.
Грејсон е роден со царски рез во 35-тата недела. Тој првично имаше мали проблеми со дишењето и епизода на прекин на дишењето во сон, па затоа помина 12 дена во одделението за интензивна нега. На 7 јануари, тој пристигна дома и одлично напредува.