Лекар од болницата во Струмица вчера околу 23.30 часот пријавил во полицијта дека кај нив била хоспитализирана 19-годишна девојка од струмичко. По извршениот преглед, било констатирано дека претходно се породила.
-Полициски службеници извршиле разговор со неа, а при преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување. На прегледот присуствувале Јавен обвинител и лекар, а увидот ќе биде завршен во текот на денот. Исто така, полициски службеници извршиле разговор со родителите на девојката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.