Репортажа: Од распадната селска куќа до имот вреден 2 милиони евра

Рај на небо, „салаш“ на земја. Вака сопствениците на војвоѓанските кафеани ги рекламираат своите имоти. Купени за 5.000 евра, сега реновинари и претворени во прекрасни мотели и преноќувалишта со прекрасна домашна храна сега се најпознатите ресторанив во околината на Нови Сад. 24 инфо разговараше со дел од сопствениците кои велат дека кај нив се бара слободна маса повеќе посебно за време на викендите каде се е полно. Гости се не само со Белграѓани туку има и од соседните Унгарија, Австрија и во последно време од Македонија.  Милан Поповиќ, поранешниот сопруг на Северина е само еден од познатите луѓе од српскиот џет- сет кој има вила околу познатите салаши.

Изјавата дека “она што е рај на небото, тоа е салаш или фарма на земјата”, не се памети како изрека од во нашата земја, бидејќи зад распаднатите куќи по македонските села се кријат само напуштени фарми кои никој не ги сака. Во Македонија тие се продаваат буквално за бадијала. Газдите ги подаруваат бидејќи велат дека не се исплати за нив да плаќаат даноци. Но во Војводина токму овие фарми се најпознатите кафеани во околината на Нови Сад. Салаш 539, 553, 557, 137, 139 се само дел од понудата.

Но пред да бидат она што се сега- познати ресторани и хотели на кои се развива селскиот туризам, биле фарми како и македонските. Во моментов можат да се купат за цени многу пониски од 20.000 евра, се реновираат и претвараат во нешто кое како да излегло од 18 век. Цената на фармата која се нуди овде зависи од локацијата. Поблиску до Нови Сад е поскапо.

Површина на земјиштето е над два хектари, а куќите во кои живееле некогашните сопственици на фармите се од 100 до 300 квадрати, во зависност од тоа колку бил голем газдата. Сега, токму тие се добро познатите ресторани каде се служи традиционална српска храна. Печеното прасечко е специјалитет во скоро сите салаши, а пршутата, пиперките со павлака и кајмак се секаде домашно производство. Познатите гломбоци, торта од компир и слива е само дел од понудата за десерти. Се нуди и домашен колач со вишни, баклава со овошје, проја…

Во секој салаш има мини зоолошка градина, можност да се возите во коњска кола, да се обидете да бидете земјоделец кој коси сено или ја храни стоката, едноставно да се вратите назад во времето на вашите предци. Цените за престој во мотелите се различни, во зависност од тоа дали сакате заедничко купатило, каков луксуз очекувате од собите. За децата има посебни игралишта со дрвени реквизити, а во дел од салашите има и жени кои се грижат за нив додека јадете.

Ако сакате да купите некој од имотите, се уште има слободни.

 

– Евтини земјоделски куќи може да се најдат во Банат и северна Бачка. Природно, цената зависи од тоа колку земја поседуваат истите и во каква состојба е објектот. Во близина на Нови Сад обично чинат од 50.000 до 150.000 евра. Луѓето купуваат салаши првенствено за одмор, но има и такви кои сакаат да се пробаат во угостителството и туризмот. Проблемот е во тоа што автентичните ранчеви обично се запуштени, па на новиот сопственик е целата инвестиција, вели Владимир Рафајловиќ, ко-сопственик на “Реал куќа” .

 

Дел од реновираните салаши се продааваат , а цената е вртоглави 2 милиони евра
Мека на селскиот туризам и угостителството е населбата Ченеј во близина на Нови Сад. Познатите фарми во Ченеј се всушност најпопуларните ресторани во Нови Сад. Нивната цена вртоглаво се зголеми кога еден од имотите купил бизнисменот Милан Поповиќ и неговата тогашна сопруга, пејачката Северина.


Валентина Ангеловска

 

Треба да знаете
Последни објави