Сончево со температура до 18 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 14 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Температурата ќе достигне до 16 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и суво време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Температурата на воздухот ќе биде во постепен пораст.

Треба да знаете
Последни објави