Франшизата  „Хелен Дорон“ која е застапена и во Македонија прогласена за најдобар светски бренд за едукација на деца

Франшизата Helen Doron Educational Group е прогласена за најдобра франшиза за  едукација на деца на глобално ниво од  престижниот Global Franchise Magazine,  со што  се препознава како докажан светски бренд  кој што е лидер во детската едукација. Наградата беше доделена во Лас Вегас на Global Franchise Award 2019 година, лично на г-ѓата Хелен Дорон која е основач и креатор на оваа успешна франшиза.

Helen Doron English e глобална франшиза и постои веќе 35 години. Застапена е во повеќе од 40 држави, на 4 континенти во целиот свет, со повеќе од 2 милиона едуцирани деца . Оваа франшиза нуди посебна и уникатна методологија за учење на англиски јазик и стимулација на детскиот интелектуален развој. Успехот на оваа франшиза се должи на совршено развиениот  систем на едуцирање на децата преку кој што децата се стекнуваат со знаења и вештини на еден природен и спонтан начин, кој децата го обожуваат и развиваат љубов кон учењето. Важен сегмент за успехот на оваа франшиза е и одлично изградениот концепт на обуки, менторирање и подготовки на учителите кои се вклучени во целиот процес, контролата на квалитетот, унифицираните стандарди за квалитет, како и специјално дизајнираните учебни материјали за учениците и за учителите.

-Среќни сме што можеме да го споделиме  чувството на среќа дека овој светски познат бренд за едукација постои и во нашата држава веќе шеста година и успешно работи, изјавија од  „Хелен Дорон“ – Македонија. Франшизата  „Хелен Дорон“ во Македонија е застапена во 14 училишни центри, на 14 локации и во 8 градови низ државата. Големиот број на запишани  и задоволни  ученици, како и двојно поголемиот број на задоволни  родители е голем показател за успешноста на оваа франшиза и во нашата држава.  „Хелен Дорон“ во Македонија е една од докажаните социјално – одговорни компании, која што секоја година организира најразлични хуманитарни акции, но и кампањи за подигање на јавната свест во општеството на различни теми кои се од голема  важност како што се: децата со посебни потреби, заштитата на животните, здравата исхрана, екологијата и потребата од рециклирање, читањето на книги и др.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави