Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи ја предупреди иранската Влада да нема надеж во Европа додека нуклеарниот договор „се урива” под притисок на САД.
Изјавата на Хамнеи е во момент кога се очекува Иран да објави дека го исполнува нукеларниот договор, со кој се ограничува збогатувањето на ураниум во замена за укинување на економските санкции.
Американскиот претседател Доналд Трамп минатата година ги повлече САД од мултилатералниот договор за нуклеарната програма на Иран и повторно воведе санкции кон Техеран.
Франција, Германија и Велика Британија формираа посебен трговски ангажма со цел да ги заобиколат американските санкции.