Ќе им се суди на потпалувачите на „Мечка“, остануваат во куќен притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе  обвинение против П.П.(21) и С.М.(19) од Скопје кои ја запалија кафеаната „Мечка“ во Дебар Маало. На двајцата ќе им се суди за тешки дела против општата сигурност од чл. 292 ст.1 во врска со чл.288 ст.1 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

 

-По сеопфатна истражна постапка, надлежниот јавен обвинител утврди дека обвинетите како соизвршители на 26.11.2018 година со пожар предизвикале значителна опасност по животот на С.Б. и неговото најблиско семејство, како и поголема имотна штета на објектот – индивидуална станбена куќа и ресторан во сопственост на оштетениот. Обвинетите набавиле едно шише запаллива течност. Потоа С.М. чувал стража, а П.П. го полеал внатрешниот дел од оградата на терасата на ресторанот и го запалил. Пожарот за многу кратко време се проширил од ресторанот до вториот кат на објектот, каде што престојувало семејството на сопственикот. Обвинителството ценеше дека се уште постојат околности кои го оправдуваат изрекувањето на мерката куќен притвор, па од тие причини заедно со Обвинителниот акт до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за продолжување на мерката – куќен притвор за двајцата обвинети, велат од ОЈО.

Треба да знаете
Последни објави