Автомобил се заглавил во снег, возачот и неговото куче преживеале благодарение на тако сос

Мaж и неговото куче пет дена биле заробени во автомобил откако се заглавиле во снег во централниот дел на Орегон. Тие преживеале благодарение на тако сос, соопштиле од полицијата.

Џереми Тејлор и неговото куче Али отишле на бензинска во саботата на 24 февруари. Бидејќи оттогаш не се вратиле, неколку дена подоцна била издадена објава дека се водат за исчезнати.

Биле пронајдени во петокот во автомобилот на Тејлор. Тејлор раскажал дека автомобилот се заглавил во снегот, објави Би-би-си.

Полицијата соопшти дека 36-годишниот маж и неговото куче биле во добра здравствена состојба, но многу гладни.

Исто така, од полицијата соопштиле дека Тејлор изјавил оти во вечерта во саботата кон недела преспале во автомобил, но следниот ден имало уште повеќе снег. Џереми и Али се обиделе да се вратат пеш, но силниот снег им отежнувал во намерата, па се вратиле назад во автомобилот.

„Во текот на четири дена, Џереми се загревал повремено стартувајќи го возилото. За јадење имал само неколку пакувања тако сос“, се вели во полициското соопштение.

По спасувањето, Тејлор им се заблагодари на сите преку „Фејсбук“ и напишал дека овој пат имал среќа, а во иднина нема да дозволи да се случи нешто такво. Што се однесува до сосот, изел три пакувања лут сос од синџирот за брза храна „Тако бел“ и изјавил дека овој сос спасува животи

Треба да знаете
Последни објави