Бунди вредни 1.800 евра запленети на Блаце

Бунди во вредност од околу 1.800 евра се запленети на граничниот премин Блаце, соопшти Царинската управа.

„Седум бунди со вредност од околу 108 илјади денари се откриени од страна на мобилните царински тимови при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Блаце“, соопштија од Царината.

Бундите биле пронајдени во два куфери сместени во багажникот на возилото. Возачот не ги пријавил на царина и поради тоа тие се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Треба да знаете
Последни објави