Во БиХ уапсен пешак со 4,46 промили алкохол во крвта

Во босанскиот град Зворник викендов е уапсен пешак кој имал 4,46 промили алкохол во крвта.

Локалната полиција соопшти дека 69-годишниот маж е задржан во станица сѐ до негово отрезнување.

– Се препорачува и пешаците да не се движат по коловоз под дејство на алкохол, поради општата безбедност во сообраќајот, се наведува во полицискиот извештај.

Инаку, ниво повисоко од 4,00 промили алкохол во крвта може да доведе до алкохолна кома.

Треба да знаете
Последни објави