Малолетници уценувале 13 годишна девојка со компромитирачки фотографии

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против двајца 16-годишници од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и ,,уцена“.

Во периодот од август 2018 до февруари 2019 пријавените, на нелегален начин одзеле фотографии од 13-годишно девојче. После тоа, пријавените, со закана дека ќе објават компромитирачки фотографии го принудиле девојчето да им даде пари.

Треба да знаете
Последни објави