Невена Божовиќ синоќа победи на Беовизија и со песната „Круна“ ќе ја претставува Србија на годинашниот Евросонг во Израел. Невена има 24 години и е една од најпознатите поп-пејачки во Србија. Иако не ја ужива популарноста што ја имаат турбофолк-ѕвездите, Невена многу ја фалат поради нејзиниот глас, но и поради песните што ги пишува.
Русокосата пејачка веќе еднаш ја претставуваше Србија на Евросонг. Таа беше дел од групата „Моје три“ која беше на Евросонг во 2013 година. Невена сама го напиша текстот и музиката за песнaта „Круна“, која ја посвети на своето момче, црногорскиот пилот Никола Ивановиќ.